.

Namesti frizura i gladuvaj Lyrics

Во градот свети реката
Сложно братство ѓубриња
Ако треба ќе се удават!
И плиткото е длабоко
Кога немаш сила
Намести фризура и гладувај
Од магаре до сајбер самица
И чекај да те прогласат
За личност или нација

Помоли се тој до тебе да пропадне
Крив е што си проклето неспособен
Ти се роден гениј чекаш шанса
Штета космосот е против тебе
А и без таблета заспиваш
Само кога наредби извршуваш
Барај го најглавниот
Знаеш што е добро за тебе
Мрази ама слушај го
Ќе расте кога ти ќе слабееш
Помоли се тој до тебе да пропадне
Крив е што си проклето неспособен
Да сакаш некој, нешто без да погалиш
Ѕверот кој те нахрани со гнев

И запамти во победа си поразен
Џуџе зависно од признание
Не барај многу, само да го погалиш
Ѕверот кој го нахрани со гнев
Report lyrics