.

Забранета Планета Lyrics

Ние не сме родени во делтата на Мисисипи
Ние не сме растени во Ливерпул, Берлин
Ние не сме Њујорк... не се срами, и не глуми,,
Ова е забранета планета...Добредојде.
Замисли, овде нема натпревар, нема награди и казни,
И вака звучи...
3наење...кое не се учи во нивните школи.
Моќ која не спие во нивните банки.
Во нашите вени тече свет кој е паралелен ,
Свет на доверба и страст...
Радост за живот, како првиот ден кога прогледа...и виде
.....Сѐ што нѐ усреќува, овде е забрането.
Спортот не е игра
Симулација на војна е.
Водиш војна со себе ..
...откога научи да зборуваш.
Устата оттогаш ти ја силува страв...
страв, кој го нарековме демо/н/кратија.
Таму не гледам „убави, луѓе...
Убави се...самo тие штo се слободни.
Животот е казна...ако по свој ритам не го живееш.
Report lyrics