.

Чортова Долина Lyrics

Над сиво поле - пепел клисура
стена проклета мрко надвиснала
пее за старост од бога подревна
исконска, од време отца Перуна
Мрмори здивот задгробен, студен
под нозе овде тревка не вирее
не знае местово за Слонцева убост
сал армии, војски од иност погребале
Врисоци немеат во подземен екот
за нивната мака да не се знае
...за удавот в крв на јароста слаба
што Ѓаволот помина да ја исткае

Над сиво поле - пепел клисура
душа проклета мрко зачмаена
пее за старост од бог заборавена
в сенките темни на Чортовата долина
Report lyrics