.

Син На Мудроста И Волкот Lyrics

Згаснале молњите на татко Перун
Огоњ в мрак потонал немо
високо над човека сив волк вие
зачнува Мудроста в свидното зло
Од маглата здив в здивот ми е дарен
крв ми е калена во прангите Навји
Виј со своите разорни слова
моќ ми дарил, моќта Велесова!

Предци на мојто неизговорено име
демони се, крици и Марасови клетви
скриени в гранките на Пророкот крилат
кај Алконост и Сирин в смеа се ил' немат...
...изградиле дом од мркост и блесок
на моето катран срце што чека
исплашен с' трн в око јас чмаам
кон бедем од коски на Старата Мајка

Се будат молњите на татко Перун
Огоњ вриснува в нова рожба
длабоко под човека див плач рие
за синот на Мудроста и Волкот
Report lyrics