.

Покрст (По Патот Слепци Одат) Lyrics

По патот слепци одат
водени од синџир
и трнлива круна
сејачи на пламје и смрад
носачи на крстниот мрак
Вриштат долините ширни
под гневот на оние без предок
кои одамна на древноста света
грб за навек свртија бедно

Ветер што свири
под соколови крилја
стихија кобно што пее
не оставија ли чуварите наши
на Мудроста деца
волците сиви...
Рана длабока ревносно зјае
се молевме некогаш на тоа тло...
нечесен данок наплатија в крв
носачите на крстното зло!
По патот слепци одат
водени од заблуда од трње
сејачи на пламје и смрад
кон сопствена пропаст чекорат!
Report lyrics