.

Илјада И Четириесетта Lyrics

Спишти зурло, печал ќерко
на тешки маки в родна грутка
грмни тапан, сине громов
се буди твојта древна земја
И слушај озгор татнеж моќен
в правој јури силна војска
и глеј на чело, најгорд паун
в галоп води царот Делјан!
В смрт, во бој со меч и оган!

Константинопол
дувло кај змии се котат
реата на блудот кај извира
и ја носи гладната чума
Византија
тиранин со татарска чизма
на крстот грозен покорна
ко вавилонска курва!
Но зачна брсјачката лоза силна
во царствата на предокот мудар
под фанфари и рогој кај јуришал Хоцин
и бивал крунисан од Перуновите молњи
Спишти зурло, печал ќерко
на тешки маки в родна грутка
грмни тапан, сине громов
се буди твојта древна земја
И слушај озгор татнеж моќен
в правој јури силна војска
и глеј во мракот огној бесни
пишти, гори ромејската лоза!

Од небеса пука гром!
Report lyrics