.

Сиромашни и богати Lyrics

сиромашни и богати
такви сме родени
од мали поделени
првиот свет ти нуди правила
нема победа, нивна е играта
ние сме сиромашни
насекаде распослани
од мали осудени
од 9 до 5 сме нивни роботи
армии на викендашки робови

сиромашни и богати
Руанда, Конго, Афрички
ко нашата приказна
но ние злато, калај немаме
колтан, чипови да правиме
сиромашни и богати
банана републики
беше Заир, сега Конго е
беше СРМ, сега ФИРОМ е
сиромашни останавме
првиот свет ти нуди правила
западна хегемонија
немаш шанси за победа
првиот свет ти нуди правила
западна тиранија
немаш шанси за слобода
Report lyrics