.

Земјо моја Lyrics

Далеку од тебе писмо пишувам
гордо како син твој, се потпишувам
света моја мајко, срце отворам
секој збор е малку штом ќе прозборам за тебе
како да ти кажам ти благодарам
Земјо моја
Златна боја твое име на небо испишува
Ти си моја
Земјо моја
Само една и единствена
Земја најмила

Прекрасен е мигот
сонце изгрева
денот што се раѓа те позлатува
Мириса на пролет
Се` се радува
Повторно јас верувам во иднина!
Се останува...
Земјо моја
Златна боја твое име на небо испишува
Ти си моја
Земјо моја
Само една и единствена
Земја најмила
Сонцето е слика твоја
тапанот твој звук
слушам кавали ми пеат и ме викаат на југ
таму небото се смее
сонцето не заоѓа
топло грее и ја гали душава
земјо најмила
моја љубов си искрена
Report lyrics
Да не те љубев (2008)
Да не те љубев (feat. Лара) Лесно не ми е Како сакаш сфати ме Ди одам (feat. Лазар Цветковски) Научи да се радуваш Сакам да те ахх... Носете ме времиња Земјо моја Јовано, Јованке Љубовта ми треба Црати ми го Срцето (feat. Дарко Димитров) На Велигден