.

Juda Lyrics

Над градот сиво сонце се бори со облаци,
Под нив се дига врева од ѕвонци и клопотарци.

Најнапред оди Јуда со своите разбојници,
Од уста дождови му врнат од пцости и гадости.
Ѕвонат ѕвона, земја ќе се раскине,
Место љубов, лагата не обзеде.
Од небо на златни крилја гулаб долет,
На главата му бело писмо и црна судбина.
И во него слово до сите бедници,
Историја со два краја, меч со две острици.

Ѕвонат ѕвона, небо ќе се истури,
Место љубов, лагата не победи.

Ѕвонат ѕвона,
земја ќе се раскине,
Мeсто љубов, лагата не обзеде
Report lyrics