.

Еј Синоока, Еј Босонога Lyrics

Поздрав пратив, галеб летна таму далеку,
еј, проклет да е денот.
Езеро во сини солзи душа милува
крај брегот што не` спои.
Еј, синоока, еј, босонога
кој сон го сонуваш?

Цел свет преку тебе мост е љубовен
до сите стари предели,
кај кавал пее, кај љубов сее,
ти, моја вистино.
Името е твое љубов, на сон доаѓаш,
ти, невеста во бело.

Еј, синоока, еј, босонога,
ти, моја вистино.

Цел свет преку тебе мост е љубовен
до сите стари предели,
кај кавел пее, кај љубов сее,
ти, моја вистино.
Еј, дево чиста, ти, жено света,
еј, моја судбино.
Report lyrics